„ Особен фокус ставаме на производството на сончеглед и да ги мотивираме граѓаните со доплнителни мерки да ја произведуваат оваа култура. Покрај леб и брашно да имаме и масло постојано. И сите тука имаме одговорност. Имаме доволно залихи, лично се уверив во тоа. Денеска тргаат пченицата и пченката, а следната недела очекувам и маслото. Оваа недела Србија ја тргна забрната и тој процес започна, во секојдневна комуникација сум со српските власти, следната седница на владата во Србија ќе поминат некои одлуки и ќе обезедиме рафинирано и нерафинирано масло за јадење.
Очекувам дека ќе се намалат одредени сировини, тие сега се поскапени.“- изјави министерот за змјоделство, Љупчо Николовски, во вестите на Сител.

„Владата го донесе планот за производство на храна, а покрај планот мораме да се бориме за граѓаните да не се грижат, да нема паника и да обезбедиме доволни колични на стартешките култури. Еве Србија донесе одлукла за 100 илајди тони пченица, количината е доволна, оти пред нас е собирањето пченица од домашното производство.“- изјави министерот.