„Четири години не плаќаме пенали и казни, не враќаме пари и лидери сме по искористеност на ИПАРД фондовите“ рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека Европската комисија прво за нас ја усвои програмата со 62 отсто зголемен буџет за ИПАРД.

„Тоа се 250 милиони евра кои треба да влезат во македонското земјоделие во следните седум години. Овие фондови се развојна компонента за нашето земјоделство“ рече Николовски.

Министерот додаде дека клучно за обезбедувањето на ЕУ фондовите е обезбедување на простории за акредитираните институции, односно вработувања и простории за Платежната агенција.