По 30 години намалувањето на членовите на надзорните и управни одбори не само што ги намалува непродуктивните трошења туку ние како Влада имаме за цел да ги професионализираме овие вработувања, рече во гостувањето во вестите на Канал5 вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.

-Да не се место каде ќе се задоволуваат лични потреби, со намалувањето на надзорните одбори од 5 на 3, управните од 15 на 7, тоа значи дека сретствата издвоени за нивните хонорари ќе можеме да ги пренасочиме во попродуктивни трошоци, како градинки и училишта, а од друга страна законот точно предвидува професионализација на овие одбори, на пример законот предвидува членовите на одборите да имаат минимум пет години работно искуство во дејноста или областа за која се избрани за јавната институција, на пример 3 години искуство во правните, работи, финансиските итн. Праќаме порака квалитетни и стручни луѓе да бидат  дел од јавното претпријатие или установа и да се грижат за продуктивноста, рече Николовски.

Тој потенцира дека станува збор за јавни претпријатија, АД во државна сопственост како и националните установи, политичката волја Владата ја покажа и ова е како една од мерките за борба против корупцијата, а се надевам дека наскоро ќе помине и низ собраниска процедура.