Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, во утринската емисија „Магазин“ на Сител рече дека фитнес-салата „од одредени“ причини е надвор од употреба во Собранието. Вели дека таму веќе никој не вежба откако поради ковид-мерките била затворена.

– Ја користевме теретаната, поради одредени причини се уште не е отворена, иако знаеја понекогаш да ја искористат. Сега е надвор од функцијата, но и не вежбаме поради обврските кои ги имаме. Немаме многу време за спортски активности и за таков начин на живот, рече пратеникот.

Македонските пратеници со реконструкцијата на Собранието која заврши во 2014 добија фитнес-сала. Опремата беше сместена во сутеренските простории од десната страна на главниот влез.

Остварувањето на проектот за санација и надградба на Собранието чинеше повеќе од 11 милиони евра.