Vestiplus.mk
+МАКЕДОНИЈА

Никола Јакимовски: Ги зголемуваме стипендиите и воведуваме нови, се грижиме за ученичкиот и студентскиот стандард

Прес-конференција на Никола Јакимовски потпретседател на СДММ:

Долгогодишните заложби на СДММ за зголемување на ученичките и студентските стипендии, вродија со плод.

Стипендиите на учениците и студентите сериозно се зголемуваат, а се воведуваат и нови стипендии.

Ова е значително подобрување на ученичкиот и студентскиот стандард.

Во делот на ученички стипендии за средношколците, од новата учебна година ќе се доделуваат 14 различни категории на стипендии и сите ќе бидат во износ од 3.500 денари месечно. Тоа е двојно зголемување во споредба од пред само две до три години претходно.

Стипендиите за студентите ќе се доделуваат во 11 различни категории, каде најбројни се стипендиите за социјална поддршка на студенти и за студенти со висок просечен успех.

За 9 категории износите се изедначуваат и ќе изнесуваат 6.050 денари месечно ниво, што е сериозно зголемување имајќи предвид дека досега тие изнесуваа по 3.300, 4.000 и 4.400 денари месечно а сега се зголемуваат и воедначуваат на 6.050 денари.

Стипендиите кои се доделуваат за студенти запишани на студиски програми по хемија, физика и математика остануваат во износ од 18.000 денари на месечно ниво.

За првпат по повеќе од една деценија се враќаат стипендиите за постдипломски студии и за првпат воведуваме стипендии за докторанди во износ од 18.000 денари.

За сите видови стипендии ќе се објавуваат конкурси каде секој заинтересиран навремено ќе биде информиран за условите, критериумите и роковите за остварување на стипендија.

Почитувани,

Ова е пример за вистинска грижа за младите од страна на Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Како одговорна социјалдемократска партија, како одговорна социјалдемократска младина продолжуваме да работиме одговорно и посветено во креирањето мерки и политики што го унапредуваат младинскиот стандард.

Младите се иднината на нашата земја и влогот во нив е влог во развојот на нашето општество.

Остануваме со младите, продолжуваме да работиме единствено во нивен интерес.

Можеби ќе ве интересира...

„ПРВАТА НУКЛЕАРНА БОМБА ЌЕ ПАДНЕ ТУКА“ Доктор Пропаст ја објави најголемата мегазакана за човештвото

Vesti +

Можеби и вие сте прележале коронавирус: Симптоми кои се показател на тоа – еден особено „издава“

В+

Приведен криминалец баран со потерница

В+

ГОЛЕМА ПРОГНОЗА ЗА ЕВРОПА, КОЛКУ СНЕГ И ЛЕДЕНИ ДЕНОВИ ЌЕ ИМА ЗИМАВА: Метеоролозите на AccuWeather објавија детали

Vesti +

За шест часа казнети 144 возачи во Чаир

В+

159 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Vesti +