Последните истражувања покажале дека осум до десет отсто од луѓето спијат со својот мобилен телефон под перница.

Најголемиот проблем на мобилните телефони е нивната вештачка светлина која лошо влијае на нашето тело. Мозокот мисли дека е ден, светлото стимулира клетки во рожницата и испраќа порака дека е време за будење.

Следниот пат кога ќе легнете во кревет и не можете да заспиете, изнесете го мобилниот телефон од соба. Близината на телефонор влијае на вашиот сон и предизвикува несоница, главоболка, вртоглавица и проблеми со сонот.

Обидете се да спиете во соба без електрични уреди, вашето тело ќе ви биде благодарно.