Повеќето луѓе ја одмрзнуваат храната за следниот ден така што само ја „туркаат“ во фрижидерот.

Или, ако им треба храната порано, ја ставаат замрзнатата храна во микробранова печка на програмата за одмрзнување.

Според норвешките научници, ова дефинитивно не е најдобриот начин, но многу е подобро да се држиме до рецептот на нашите баби – и замрзнатата храна да ја потопиме во вода.

Правилниот метод вклучува затворање на храната во сад со ладна вода, бидејќи водата е одличен спроводник.

Резултатот е не само поздрава, туку и повкусна храна.