Преку бројот за итни повици 112 и во директни телефонски резговори на граѓани со ТППЕ Кочани и преку бројот 195 добиени се пријави за поплави на повеке објекти во Општина Кочани.

Пријавени се и паднати дрва по улиците и коловозите,како и скинати кабли од електрични линии.

Екипите на ТППЕ Кочани се излезени на терен и работат на испумпување на поплавените објекти.

Неофицијално цел град е поплавен.

Од ТППЕ Кочани било побарано доколку може да се побара помош од околните ТППЕ единици за да интервенираат и тие и помош од ДЗС.

Фотографијата е илустративна