Невообичаени комбинации кои го подобруваат здравјето: Дали би го пробале ова?
Vestiplus.mk
+ЗдравјеМозаик

Невообичаени комбинации кои го подобруваат здравјето: Дали би го пробале ова?

Дали некогаш сте размислувале да мешате црно грозје со кромид за да спречите формирање на згрутчување на крвта? Или можеби да комбинирате јаболка и лиснат зеленчук за подобро расположение? Ако не, не е ни чудо.

Нутриционистот Роб Хобсон открил комбинации на намирници кои можат значително да го подобрат здравјето, но и кои се здрави сами по себе.

На пример, рибиното кари, кое комбинира куркума и мрсна риба, може да биде моќно антиинфламаторно средство, а комбинацијата од банана и јогурт може да го подобри здравјето на коските и да помогне кај цревните бактерии …

Така црното грозје во комбинација со кромид помага во спречување на кардиоваскуларни болести, рак и невролошки нарушувања, а некои од понеобичните комбинации се лукот и медот; кои помагаат при инфекции на горниот респираторен тракт; и бадеми и бобинки; кои заедно помагаат во спречување на срцеви заболувања. –

На телото му е потребна синергија за да функционира правилно, а комбинирањето на две намирници понекогаш може да го подобри нивното влијание врз телото – објаснува Хобсон.

На пример, црниот бибер и куркумата подобро функционираат заедно бидејќи куркумата има активна состојка позната како куркумин, која се смета дека има антиинфламаторни својства, но не се апсорбира лесно, за што помага црниот пипер кој содржи пиперин за подобра апсорпција. Заедно, овие две состојки можат да помогнат во ублажување на болките во зглобовите.

Можеби ќе ве интересира...

Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на сопственикот, следува соодветна пријава

Vesti +

201 санкции за брзо возење

Vesti +

Сообраќајот на патиштата без забрани, магла има од Групчин до Тетово

Vesti +

Апсења на неколку локации низ Македонија

Vesti +

Тупанчески:Моделот за избор на шеф на ОЈО ГОКК покажа слабости, потребни се негови измени во однос на построги правила и критериуми

Vesti +

158 санкционирани возачи во Скопје, 30 за брзо возење

Vesti +