Соопштение ожна СДСМ:

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ за една година се покажа како најнеспособна досега.

Заедничко за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во повеќето општини во државата е хаос, нефункционалност, партизација, расипничко трошење на парите на граѓаните.

Среде криза удираат по џебот на граѓаните. Прилеп, Штип, Велес, Охрид, Радовиш, Виница се само дел од општините каде комуналните давачки се сериозно зголемени.

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ најмногу се гледа по хаосот во град Скопје.

И градоначалничката и претседателот и мнозинството во Советот и мнозинството во надзорните и управни одбори во јавните градски претпријатија, сите се поврзани со Христијан Мицкоски и со ВМРО-ДПМНЕ.

Го претворија Скопје во град со нефункционални претпријатија, кои не можат да ги обезбедат основните функции за граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ комплетно го блокираше животот и развојот во главниот град.

Залудно Мицкоски се обидуваше да се оттргне од Арсовска, бадијала изразува жалење за неговите проценки.

Арсовска беше кандидатка на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, во белата палата со врвот на ВМРО-ДПМНЕ ја славеше победата.

ВМРО-ДПМНЕ да преземе одговорност за хаосот што му го приреди на Скопје.