Извадок од полицискиот извештај за 9 октомври 2020:

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Ќ.А.(56) од струшкото село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба на дрзок начин“. Тој, во текот на јули 2020 во Струга пресретнал 76 – годишен стружанец и му побарал, ако има, да му покаже како изгледаат евра. Оштетениот извадил од џебот 8500 евра, кои претходно ги подигнал од банкарска сметка и му ги покажал, по што пријавениот насилно му ги одзел.

На 09.10.2020 околу 18.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Шуто Оризари бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.С.(20), А.Д.(54), В.Х.(30), Р.Ф.(34) и Ф.Х.(42), сите од Скопје. Тие биле приведени во полициска станица и изготвени им се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

На 09.10.2020 во 15.45 часот во Полициската станица Драчево, С.Ф.(40) од с. Батинци, скопско, пријавил дека во село Батинци бил физички нападнат од четири лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.10.2020 во Полициската станица Гази Баба, М.И.(55) од с.Студеничани, скопско, пријавил дека во гаража во Автокоманда бил физички нападнат од Е.И.(60) од с.Студеничани, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.10.2020 во 19.00 часот во Полициска станица Центар, Ч.А.К.(28) од Унгарија, со привремен престој во Скопје, пријавила дека на кејот на реката Вардар била касната од куче скитник.

На 09.10.2020 во 11.30 часот во СВР Скопје, од притворското одделение во Затвор Скопје било пријавено дека притвореникот Д.Ф. од Скопје со остар предмет нападнал вработен во затворот и му нанел повреди на раката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.10.2020 во 20.30 часот во Полициска станица Центар, А.С.(66) пријавил дека на ул.„Кирил и Методиј“ бил каснат од куче скитник.