Републиканците би можеле да ги победат демократите на среднорочните избори за Претставничкиот дом, што станува се поверојатно со доаѓањето на резултатите, објави CBS News.

По затворањето на избирачките места во четириесет американски сојузни држави на среднорочните избори, републиканците имаат 186, а демократите 161 место во Претставничкиот дом од 435 места. Тие резултати се менуваат од минута во минута, но републиканците се во постојано водство од самиот почеток.

Поранешната претседателка на Претставничкиот дом, демократката Ненси Пелоси победи на реизбор во Претставничкиот дом на Конгресот на САД.
Демократката Бека Балинт влегува во Претставничкиот дом и ќе биде првата жена што ќе го претставува Вермонт во Конгресот.

Демократката Ајана Пресли од Масачусетс победи на реизборот во Претставничкиот дом. Републиканецот Кевин Мекарти победи на реизборот во Претставничкиот дом.

Демократката Летиција Џејмс се кандидира за реизбор за функцијата државен обвинител на Њујорк, а републиканецот Кен Пакстон се кандидира за истата функција во Тексас. Демократот Грег Ландсман го победи републиканецот од Охајо во трката за Претставничкиот дом, како и демократката Емилија Сајкс од истата држава.

Демократот Сет Магазинер од Род Ајленд влегува во Претставничкиот дом. Републиканецот Енди Оглс се упати кон Претставничкиот дом. Демократката Шарис Дејвидс влегува во Претставничкиот дом. Демократот Хенри Куелар од Тексас победи на реизбор во Претставничкиот дом.