Прес-конференција на Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ:

Како општество се наоѓаме во деликатна фаза со мутацијата на вирусот КОВИД 19.

Ваквите мутации, четвртиот бран на вирусот низ кој минуваме, но и антиваксерските лажни вести и дезинформации укажуваат на потребата од точно информирање на јавноста за процесот на вакцинација.

Затоа започна кампањата „За моментите на среќа – Вакцинирај се“.

Масовната имунизација е најсигурниот начин за да ставиме крај на пандемијата со коронавирусот, да го зачуваме јавното здравје но и да им помогнеме на здравствените работници и здравствениот систем.

Сите вакцини се безбедни по здравјето, сите вакцини го подигаат имунолошкиот систем и штитат од тешки форми на заболувања од вирусот.

Само со масовна вакцинација ќе успееме да се вратиме во нормалните текови на секојдневно функционирање.

Граѓаните треба да покажат одговорност кон своето и јавното здравје и да ја искористат можноста да се вакцинираат на еден од бројните вакцинални пунктови.

Истовремено, упатуваме повик и до опозициската ВМРО-ДПМНЕ и нивниот лидер Христијан Мицкоски.

Наместо да прават евалуација на кампањата, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да ги повикаат граѓаните да се вакцинираат.

Наместо да поддржуваат протести против вакцинација, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски барем еднаш да покажат одговорност и да ги повикаат членовите на партијата и граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита.

Оваа борба против коронавирусот бара одговорност и посветеност од секој поединец од секоја група на граѓани.

Масовната вакцинација да продолжи што позасилено за еднаш засекогаш да ставиме крај на пандемијата, за конечно да се вратиме на нормалното функционирање на општеството.