Не застанал на полициски знак, па започнал хаосот: Успеал да избега, па подоцна повторно го стопирале, но наместо да застане сакал да ги прегази!
Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈА

Не застанал на полициски знак, па започнал хаосот: Успеал да избега, па подоцна повторно го стопирале, но наместо да застане сакал да ги прегази!

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик.

На 16 мај, обвинетиот 33-годишник од село Беловиште, управувал рент-а-кар возило Шкода рапид со скопски регистарски ознаки. Во близина на една бензинска пумпа во Гостивар се движел со брзина над дозволената. Тоа го забележал полициски службеник кој преземал службени дејствија за контрола на брзината во сообраќајот – радар, па на возачот му сигнализирал да запре. Наместо тоа, обвинетиот ја зголемил брзината и продолжил да се движи кон центарот на Гостивар.

По извесно време, се вратил и со голема брзина претекнал неколку автомобили. Кога оштетениот со палка повторно му дал знак да сопре, обвинетиот нагло свртел со воланот кон него и изгубил контрола врз автомобилот. Полицискиот службеник успеал да се тргне настрана и да го избегне возилото.​​

Можеби ќе ве интересира...

277 санкции за брзо возење

В+

СДСМ: Во услови на криза обезбедуваме стабилна економија и помош за граѓаните

Vesti +

Тренчевска: Активностите дефинирани во Заедничкиот работен план за 2022 година, придонесуваат за исполнување на приоритетите и целите на Министерството и остварување на Целите за одржлив развој

В+

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ аздисува, Стефковски среде криза троши 200.000 евра за партиски вработувања

В+

„Взаемна почит“ и „деполаризација“ се зборовите на неделата

Vesti +

Наумоски: Седум капитални проекти се реализираа во Ѓорче Петров

В+