Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров и актуелен градоначалник на оваа општина, Александар Наумоски попладнево преку видео обраќање им се заблагодари на своите сограѓани за довербата која ми ја дале во овој период.

,,Почитувани граѓани и граѓанки на Ѓорче Петров. Од се срце ви благодарам за поддршката што ја искажавте при испитувањата на јавното мислење.

Токму вашата висока поддршка придонесе денеска да имам чест и задоволство да се натпреварувам за нов, втор мандат како кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ и коалицијата.

Во овие четири години иако наследивме многу проблеми, успеавме да сработиме доста за наше Ѓорче и да реализираме над 80 осто од Програмата. Драго ми е што тоа од ваша страна е препознаено и вреднувано.” истакна Наумоски.

Наумоски во видеото ги наброја и капиталните проекти што општината ги реализирала во овие четири години како што се градинката и спортската сала во Волково, нов затворен базен, Корзо, економично лед осветлување, нив кружен тек во Волково.

,,Продолжуваме посветено за Ѓорче и во следните четири години” порача Наумоски.