Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров Александар Наумоски на денешната промоција истакна дека во мандатот зад него има реализирано 200 проекти меѓу кои и седумте капитални проекти ветени пред граѓаните во 2017 година.

За новиот мандат Наумоски најави Програма со над 200 проекти меѓу кои и ново училиште во населбата Александрија, две нови градинки во Дексион и Ново Село, уредување на кејот на реката Лепенец, две нови спортски сали во Хром и Никиштани, решавање на проблемот со слабиот притисок на водата во одредени делови од општината и ја побара поддршката од граѓаните.

„Драги сограѓани. Стојам пред вас и ве гледам во очи и Ви давам збор: Продолжувам да работам за наше Ѓорче уште повеќе посветено, уште повеќе отчетно, со срце на терен за Ѓорче. Заедно со вас ќе продолжиме да го градиме и развиваме Ѓорче како модерна, отворена, просперитетна општина. Затоа, ве повикувам, на 17 октомври да заокружиме 12 за да го потврдиме Најдборото за Ѓорче Петров!“ повика Наумоски.