Престедателот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски се обрати на мини митинг пред кумановци и потенцираше дека СДСМ е најдоброто за Куманово.

“Владата вложи многу во Куманово, сите министри, особено Спасовски обезбеди огромни средства за безброј спортски игралишта во Куманово, преку соработка со Агенција за млади и спорт.”

Тој истакна дека согласно програмата на Илиевски за 2022 година во Куманово ќе се спроведе греење и изолација со цел подобри услови за спортистите.

“Знам дека со Илиевски ќе се направи уште повеќе и затоа ве повикувам да го заокружите бројот 12 за Најдобрата програма, најдобриот градоначалник Илиевски и најдобрата советничка листа од СДСМ”, заврши Мојсоски.