Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, го предупреди НАТО дека е „прашање на време“ кога Русија ќе ги нападне нивните членки.

Во своето видео обраќање, претседателот Володимир Зеленски рече дека го предупредил НАТО дека без превентивни санкции Русија ќе започне војна и дека Москва ќе го користи Северен тек 2 како оружје.

„Сега е очигледно“, рече тој.

„Сега повторувам, ако не го затворите нашето небо, прашање на време е кога руските ракети ќе паднат на ваша територија, на територијата на НАТО“, рече тој.