Вработен во градски паркинг во полицијата пријавил дека бил нападнат од страна на три лица.

„Вчера во Центар, Е.Б.(41) од Скопје пријавил дека околу 10 часот на паркинг на подрачје на Центар, Скопје, додека извршувал работни задачи како вработен во Градски паркинг, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.С.(47), А.Г.(34) и А.Г.(27), сите од Скопје“, соопшти МВР во дневниот билтен.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.