Владата вчера донесе одлука наставата во основното и средното образование на учениците да продолжи со физичко присуство на 1 февруари.

Оваа одлука е донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и во согласност со препораките на УНИЦЕФ.

Владата повикува на доследно придржување и спроведување на протоколите за одржување настава со физичко присуство.