Претседателот Стево Пендаровски, утре – 08 септември 2021 година, среда, по повод Денот на независноста, со орден „8 Септември“ ќе ги одликува Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско собрание, како и пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година. Претседателот Пендаровски ќе положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на покојните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски на градските гробишта Бутел во Скопје, а ќе присуствува и ќе се обрати на централната прослава „30 години независност“, која ќе се одржи пред Собранието на Република Северна Македонија.
Агенда на настани:
• 08:00 часот – Градски гробишта Бутел, Скопје

Полагање свежо цвеќе на вечните почивалишта на покојните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски на градските гробишта Бутел во Скопје.
• 12:00 часот – Кабинет на Претседател

Свечена церемонија на одликување со ордени „8 Септември“ на Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско собрание, и пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година.

• 18:00 часот – Собрание на Република Северна Македонија

Централна прослава по повод Денот на независноста, на која е предвидено обраќање на претседателот Пендаровски.

Новинарските екипи коишто сакаат да ја проследат свечената церемонија на одликување со Орден „8 Септември“ е потребно да пристигнат во Кабинетот на Претседателот во 11:30 часот.