Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин.

Судот во Хаг го обвинува Путин за воени злосторства извршени во Украина.

МКС издаде налог за апсење на Путин под сомнение за нелегална депортација на деца и нелегално пренесување на луѓе од територијата на Украина во Руската Федерација.

Судот издаде и налог за апсење на Марија Алексеевна Лвова-Белова, комесарка на Русија за правата на децата, по истите обвиненија.