Почнете да ја консумирате оваа магична смеса наутро и ќе видите резултати.

Доколку забележавте дека вашето тело е бавно, дека имате проблеми со варењето и дека сте се здебелиле, ова е вистинскиот рецепт за вас! Полн е со минерали, влакна, витамини, а воедно е и хранлив и ќе ви даде енергија. Не само што лесно се прави од неколку состојки, туку е и одличен сојузник за одржување на здравјето на косата и кожата.

Потребни состојки:

5 до 7 парчиња сливи; 2 лажици овесна каша; 1 чаша јогурт со малку маснотии (или кефир); 1 лажица ленено масло; 1 лажичка какао

Начин на подготовка:

Истурете ги сувите сливи во 100 мл зовриена вода и оставете ги да отстојат околу 10-15 минути.

Во друг сад измешајте какао, ленено масло и овесна каша. Додадете чаша јогурт (или кефир) и добро измешајте.
Исечете ги сувите сливи и додајте ги во другите состојки. Промешајте сè и оставете во фрижидер да отстои преку ноќ. Наутро ќе имате освежителен и здрав напиток!

Сливите се одличен извор на витамини Ц, А и К, витамин Б комплекс, но и рибофлавин, ниацин и калиум, магнезиум, фосфор и бакар.

Маслото од ленено семе е богато со омега 3 незаситени масни киселини, витамин Е, антиоксиданси, редок витамин Б17, но и влакна.

Овесната каша е многу хранлива и богата со витамини и минерали кои му се неопходни на организмот. 78 грама (или половина чаша) овесна каша содржи 51 грам јаглени хидрати, 13 грама протеини и само 303 калории.