Совршено време е да започнете со чистење и обнова на вашиот животен простор, а со тоа ќе ги прочистите и умот и духот во исто време.

Чекорете напред со радост оваа пролет, наполнете се со среќен и здрав енергетски поттик.

Фенг шуи е древна кинеска уметност која верува дека одредени аспекти од животот може да се унапредат (или уназадат) во зависност од распределбата на нештата во вселената.

Доколку сакате да го зајакнете вашето изобилство и финансиска состојба, направете ги овие промени во вашиот животен простор пред пролет…

Вода

„Цевките што протекуваат се знак дека парите ви се лизгаат од рака“, вели консултантот за фенг шуи Карен Рауч Картер. За да ја засилите вашата банкарска сметка, дефинитивно треба да ги поправите сите искршени цевки во домот, но и да се ослободите од целата вода што стагнира долго време – на пример, сменете ја водата во вазните со цвеќиња.

„Избегнувајте прикажување на уметнички дела со водени елементи во спалната соба, не поставувајте огледала на места повисоки од вашиот нос“, советува експерт за фенг шуи.

Внесете повеќе растенија

„За да напредувате во животот, важно е да создадете жив, здрав и инспиративен простор во вашиот дом без неред“, предупредува експертот за фенг шуи, Лаура Бенко.

Нередот го попречува слободниот проток на енергија, поради што семејството станува мрзеливо.

Најдобро би било да ја зајакнете виталноста со растенија и цвеќиња, но и со редовно проветрување на сите простории. Фонтаните се симбол на пари и богатство, па ако имате простор во градината на куќата и средства на располагање, размислете за оваа декорација.

Украсете со боите на богатството

Бојата може да има големо влијание врз вашето расположение. Црвената боја се смета за многу моќна боја, па затоа не е чудно што познатите личности шетаат по теписите со оваа боја кога одат на филмски премиери. Доколку сакате да привлечете пари во вашиот живот, декорирајте во црвена, зелена и виолетова боја, што гарантира повеќе богатство.

Но, постои исклучок. Ако не можете да поднесете црвена, зелена или виолетова, тие нема да послужат како средство за привлекување пари во вашиот живот. Фенг шуи се манифестира не само во распределбата на предметите, туку и во хармоничната рамнотежа помеѓу вас и просторот во кој престојувате.

Чиста кујна

„Вашата кујна е директно поврзана со вашата способност да привлекувате пари“, вели консултантот за фенг шуи Сузан Мецгер.

Важно е оставата, кујната и фрижидерот да бидат организирани како и полни со свежа храна.

Шпоретот мора да биде чист и секоја рингла да работи правилно. И на крај, ако сакате да ја подобрите вашата финансиска состојба, погрижете се вашата трпеза за храна да биде секогаш беспрекорно чиста.

Ослободете се од старите работи

За да заработите, понекогаш треба да се ослободите од старите работи кои никогаш не ги користите дома. На пример, во некои кутии веројатно чувате стари далечински управувачи, облека во која не можете да се вклопите и слични предмети што не служат никого.

Ако не користите нешто, веројатно не ви е гајле или не ви треба.

Направете слободен простор во домот и зајакнете го влезот на нова енергија која ќе ви донесе благосостојба.