СВР Охрид до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против З.П.(56) од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.

Тој на 24.06.2022 на текст од портал објавен на социјалната мрежа Фејсбук, објавил коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и насилство.