Понекогаш може да биде тешко да се следат опасностите кои демнат во пакуваната храна. Постојат намирници кои содржат конзерванси кои значително го зголемуваат ризикот од рак.

Нутриционистката Блер Персин зборуваше за овој проблем и нагласи што треба да се јаде помалку, па дури и целосно да се исфрли од исхраната.

„Нитритите создаваат N-нитрозо соединенија во телото, кои се потенцијални канцерогени. Исто така, нитратите во цревата може да се претворат во нитрити, што исто така е причина за загриженост бидејќи предизвикуваат оштетување на ДНК, што доведува до рак“, рече таа.

Една студија на Оксфорд ги спореди ризиците од развој на рак кај луѓето кои консумираат нитрати и нитрити и оние кои не консумираат. Резултатите покажаа дека редовното консумирање на производи кои содржат нитрати го зголемува ризикот од рак на дојка за приближно 25 проценти. Покрај тоа, конзумирањето на големи количини на храна која содржи нитрити го зголемува ризикот од рак на простата за речиси 60 проценти.

„Иако се потребни повеќе истражувања, нагласувам дека е докажано дека нитратите и нитритите се канцерогени за животните“, додаде Блер Персин.

Таа ги советува луѓето да го намалат внесот на преработено месо бидејќи тоа значително го зголемува ризикот од рак. Преработеното месо вклучува виршли, салами, колбаси и слично.

„Можеме да го намалиме и ризикот од рак ако јадеме храна богата со антиоксиданси, како спанаќ, моркови, брокула и компири“, заклучи таа.