Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Градско – Неготино – Д.Капија, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На г. п. Табановце за излез од државата има чекање околу 30 минути, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.