Мерките на Владата за помош на компаниите од прехранбената индустрија со обезбедување на стабилна цена на електрична енергија го дадоа резултатот.

По маркетите веќе може да се забележи намалување на цените на лебот, кои повторно се враќаат околу 30 денари.

Со плаќањето на поевитна, но и стабилна цена на електрична енергија фирмите кои производуваат основни прехранбени продукти, може подобро и полесно да планираат, но и да дозволат намалување на цените за граѓаните.

Оваа мерка, дополнета со останатите антикризни мерки на Владата имаат цел да помогнат на граѓаните полесно да се справат со последиците од енергетската и економската криза, а од друга страна да помогнат на компаниите да останат ликвидни.