Соопштение на Алтернатива:

Најтесното партиско раководство на АлтернАтивА е во перманентно заседание. Со внимание ги разгледуваме сите околности кои ги нарушуваат принципите врз кои требаше да почива Европската коалиција. Особено начинот на кој некој го потценува нашиот учинок пред 12 месеци за спас на владејачкото мнозинство, изборот на Димитар Ковачевски за Премиер и следствено обезбедувањето на почеток на преговори со ЕУ. Согласно статутарните одредби денес одлучивме конечниот став да го изградиме на седница на Централното Собрание која ќе се одржи во недела со почеток во 16 часот, во партиското седиште во Tetovo. водејќи се од тоа што е најдобро за иднината на државата и за иднината на АлтернАтивА. Расудуваме трезвено, без емоции целосно свесни за предизвиците кои не очекуваат. Уште еднаш потенцираме дека нема да влетаме во замката што ни се подметнува. Нема да оставиме ниту минимум простор дека АлтернАтивА на било каков начин самата придонесе за процесите кои неминовно следат.