Откако се појави во Украна, познатиот канадски снајперист Воли крена голема прашина во медиумите, па двапати беше прогласен за мртов, но сепак успеа да ја преживее војната.

Неодамна за медиумите реши да откри како поминал во Украина за време на битките против Русија.

„Имам среќа што сум жив, навистина беше опасно“, кажа тој на почетокот на интервјуто.

Воли откри дека покрај него и колегите пукнала граната од руски тенк, а за среќа го преживеале нападот.

„Многу беше опасно. Телото ми трепереше, тешко е да се опише тоа чувство“, вели снајперистот.