– Европската иднина на Северна Македонија е приоритет и треба да се решава со широк политички и општествен консензус.

Затоа, во текот на утрешниот ден ќе испратам покана за лидерска средба до парламентарните политички партии, која ќе се случи идната недела, на 7 ноември, во 12:00 часот во Собранието на Република Северна Македонија, најави премиерот Димитар Ковачевски, премиер.