Порталот Centar.mk објавува дека во тек е голема полициска акција на наплатната станица Отовица, на автопатот Велес-Скопје.

Во акцијата пресечен меѓународен канал за шверц и запленета е дрога вредна над 250.000 евра, објави Centar.mk повикувајќи се на полициски извори.

Дрогата била пренесувана во возило фолксваген туран, управувано од скопјанец. Од МВР само потврдуваат дека е во тек полициска акција и детали најавуваат за утрешниот ден, по завршување на акцијата, пишува Centar.mk .