„ВМРО-ДПМНЕ не се реформираа, не ги препознаа направените грешки, се амнестираа за криминалите направено во текот на нивното владеење. Зошто би го сакале назад истото ВМРО-ДПМНЕ кое едвај го симнавме од грбача?“ пишува професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи.

Таа во објавата прашува кој дел од барањата на Шарената револуција ќе ги исполни ВМРО-ДПМНЕ доколку дојде на власт и која од грешките направени за време на нивното владеење ја препознале и признале како грешка.

„Која е таа битна промена која е направена во самото ВМРО-ДПМНЕ за во било кој момент да посакам повторно да биде на власт?“ прашува Најчевска.

Професорката прашува дали доколку дојде ВМРО-ДПМНЕ, олицетворено во Данела, на власт во Град Скопје ќе ги тргне спомениците од Скопје 2014 и додава дека се додека не се спроведат реформите во партијата и не се признаат направените грешки, ВМРО-ДПМНЕ не смее да се врати на власт.