Шефот на нафтениот гигант „Шел“, Бен Ван Берден кажа дека е „погрешно да се купува руска нафта“ и реши да ги затвори бензинските пумпи поради воениот конфликт во Украина.

Гигантот соопшти дека ќе бидат прекинати сите соработки со Русија, откако минатиот викенд „Шел“ претрпе голем број критики затоа што купи руска нафта по помала цена.

„Свесни сме дека нашата одлука да купиме руска нафта беше погрешна и жал ни е поради тоа“, кажа Ван Берден.

Нафтениот гигант соопшти дека одлуката за повлекување од Русија е поради „напнатата ситуација на пазарот“.