Граѓаните на Србија се предупредуваат да бидат дополнително внимателни при преминувањето на мостовите, како и да не се движат во близина на реки.

Како последица на обилните врнежи се излеаја реки во новопазарските населби Шутеновац и Трнава, јавуваат агенциите.

Реката Јошаница се излеа од коритото на неколку локации во населбата Шутеновац во Нови Пазар, каде жителите се обидуваат да ги заштитат своите дворови и куќи.

Тешка е состојбата и за населените места Поштење и Блажево, каде што исто така се излеа реката.

Граѓаните се предупредуваат да бидат дополнително внимателни при преминувањето на мостовите, како и да не се движат во близина на реки.

На едно видео се гледа како Јошаница крши пешачки мост.