Над 70 проценти работна сила ќе биде ангажирана за „Бехтел и Енка“, прогнозира Груби
Vestiplus.mk
+БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Над 70 проценти работна сила ќе биде ангажирана за „Бехтел и Енка“, прогнозира Груби

Според посебниот закон и договорот, конзорциумот „Бехтел Енка“ е обврзан да ангажира најмалку 51 отсто од локалните ресурси, напиша на фејсбук првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

„Во Косово над 70 отсто од вработените биле локални, додека во Албанија и Србија околу 50 отсто.
Првичните прогнози, по анализата на пазарот, се дека и кај нас ќе биде ангажирана целата расположлива работна сила, по можност и над 70%“, пишува Груби.

Појаснува дека строго ќе се почитуваат сите права и обврски предвидени со законот за работни односи и другите закони.

„Уште еднаш да потсетам: Опозицијата, ВМРО и Левица, со блокадата на законите во Собранието ќе ја чини државата над 150 милиони евра и две години залудно потрошено време. На ниту еден начин не можат да ја спречат реализацијата на проектот, можат само да го поскапат и да го одложат завршувањето на автопатите.

Дали автопатите ќе се градат побрзо и поевтино или побавно и поскапо, зависи од пратениците“, прецизира во напишаното Груби.

Можеби ќе ве интересира...

Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваниот амбасадор на Индија-Приоритетот ќе биде на политичкиот ангажман

В+

Ковачевски: Со Националната стратегија обезбедуваме еднакви можности за лицата со попреченост, што е наш врвен приоритет

Vesti +

Ужас во Скопје: Забележале повреди околу ушите на ќерката, осомничената е дефектолог која држела приватни часови

Vesti +

5 грешки кои речиси секој ги прави при месење тесто

Vesti +

Костадинов: СДСМ ќе се реорганизира, но европскиот пат на државата мораме да го изодиме

В+

Ќучук: Најдобриот начин да го заштитите македонскиот идентитет е да бидете внатре во ЕУ

В+