На 01.01.2023 во 14.00 часот во Полициска станица Велес А.С.(37) од Велес пријавил дека околу 11.30 часот во близина на градскиот трговски центар во Велес поради нерасчистени должничко доверителски односи бил физички нападнат од А.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.01.2023 во 18.30 часот во Полициска станица Кисела Вода Б.С.Р.(47) од Скопје пријавила дека околу 01.00 часот на подрачје на Кисела Вода нејзиниот малолетен син и уште еден малолетник биле физички нападнати од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.01.2023 во 18.00 часот во с.Буковиќ од полициски службеници од СВР Скопје е приведен П.Ќ.(34) од Р.Косово затоа што според пријавеното околу 11.00 часот во дворно место во с.Буковиќ, скопско, сопственост на Ф.А.(32), по претходна расправија, учествувал во нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.А. и М.А. од една страна и П.Ќ. од друга страна, при што во пресметката биле употребени тврди предмети а, пријавениот употребил остар предмет, кој бил пронајден и одземен. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.01.2023 во 17,30 часот во Полициска станица Чаир Ј.Ц.(61) од Скопје пријавил дека на 28.12.2022 околу 10,00 часот додека бил на своето работно место во канцеларија на ул.Боца Иванова на подрачје на Чаир по претходно недоразбирање бил физички нападнат од Т.С. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.01.2023 во 23.00 часот во Полициска станица Бит Пазар Р.Е.(32) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на подрачје на Бит Пазар поради нарушени фамилијарни односи бил физички нападнат од Љ.И.(21) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.01.2023 во 18.45 часот во Полициска станица Аеродром Ј.С.(56) од Скопје пријавил дека околу 15.30 часот на кејот на реката Вардар на подрачје на Аеродром бил физички нападнат со тврд предмет од три лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.01.2023 во 01.50 часот во Полициска станица Чаир Б.А.(20) од с.Арачиново, скопско и Ф.Љ.(21) од Скопје пријавиле дека околу 01.40 часот на бензинска пумпа на подрачје на Чаир биле физички нападнати од К.Р. и А.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.01.2023 во 23.30 часот во Полициска станица Охрид И.К.(59) од с.Долно Коњско, охридско пријавил дека околу 21.30 часот на плоштад „Св.Климент Охридски“ во Охрид едно лице физички го нападнало и му го оштетило неговото возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.01.2023 во 02,40 часот во близина на угостителски објект во Дебар од полициски службеници од Полициска станица Дебар се приведени Д.А.(22), Џ.К.(21) двајцата од Р.Албанија и Е.Ќ.(23) од Дебар затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.01.2023 во 02.17 часот во Полициска станица Кочани С.А.(41) од Кочани пријавил дека околу 02,00 часот по претходна расправија бил физички нападнат од М.А. и Д.К., двајцата од Кочани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 02.01.2023 во 05,39 часот во СВР Штип е пријавено дека околу 05,35 часот во близина на музеј во Штип по претходна расправија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.К.(34) и К.К.(27) од општина Карбинци. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.01.2023 во 13,00 часот во Полициска станица Гостивар А.У.(47) од с.Здуње пријавил дека околу 11.30 часот пред продавница во с.Здуње по претходно недоразбирање бил физички нападнат од И.Н. од с.Лешница. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.01.2023 околу 10.00 часот во СВР Скопје 55-годишна жена пријавила дека во нејзината куќа во Драчево била физички нападната од две лица кои го барале нејзиниот син и притоа и се заканувале и оштетиле дел од инвентарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.01.2023 во 22.25 часот во Полициска станица Гостивар И.А.(27) од Гостивар, пријавил дека околу 19.30 часот во Гостивар по претходно недоразбирање околу сообраќајот тој и уште едно лице биле физички нападнати од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.