Компанијата на eкс премиерот Никола Груевски во Унгарија за пет месеци пријавила добивка од 10.000 евра.

Компанијата на поранешниот премиер Никола Груевски, кој во 2018 избега во Унгарија и таму ја основа, за само пет месеци работа пријавила нето добивка од 10.000 евра, пренесуваат унгарските медиуми.

Компанијата И.Ц.И.Ц.ЛТД. Груевски ја основал на 14 јули 2021 година, на адреса на напуштена куќа во село на дваесетина километри од Будимпешта, а поранешниот премиер е наведен како единствен сопственик и извршен директор. Компанијата се занимава со деловни консултации, но има и лиценци за повеќе дејности, како на пример трговија на големо со храна, пијалоци, тутун, порцелан, стакларија, средства за чистење, но и за маркетинг и односи со јавност.

Од основањето до крајот на минатата година, малата компанија на Груевски пријавила приход од 5 милиони форини, а нето добивка од 3,8 милиони форини, пишува унгарската деловна веб-страница мфор.ху.