На 64-годишна возраст во болницата „Филип Втори“ почина поранешниот пратеник и актуелен претседател на Сојузот на Ромите во Македонија, Амди Бајрам.

Бајрам имал проблеми со срцето, а посмртно ќе му биде направен и тест за Ковид 19, за што му е земен брис, дознава „Фокус“.

Бајрам деновиве беше актуелен во јавноста поради организирањето на раскошна свадба за својата внука Перјан на брод во Турција, на која присуствувале 600 гости.

-Имаме 370 гости од Македонија и 230 гости од Турција. Имам доста турски политичари овде, од кај претседателот Ердоган, од политичкиот врв, од кај нас политичари нема на забавата. Се забавуваме на брод на Босфор, атмосферата е прекрасна. Се организиравме за кратко време со помош на пријателите на Ердоган. Кога ќе се вратиме назад, ќе споделиме фотографии и снимки од овој убав настан –изјави Бајрам.