17.9 C
Скопје
21/Сеп/2021
Vestiplus.mk
Home » МЗ: Вчера се аплицирани 15.424 вакцини
+ Во тренд... КОРОНАВИРУС МАКЕДОНИЈА ТОП ВЕСТИ

МЗ: Вчера се аплицирани 15.424 вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 761.579 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.728 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 15.424 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.397.773 дози вакцини, а ревакцинирани се 636.193 граѓани.

Со последните бројки 54% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 30% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Можеби ќе ве интересира...

Шахпаска: После 40 години Кавадарци добива целосно нов објект – детска градинка, која ќе започне со работа до крајот на оваа година

Vesti +

Заев на седницата за пратенички прашања: За прв пат граѓаните имаат своја Влада, која ја избрале и е тука да им се најде кога им е потребно, откупот на грозјето е еден од примерите

В+

Приведен дилер на дрога, запленети кокаин и марихуана, изготвена кривична пријава

Vesti +