Денеска (21.02.2022), во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.Ѓ.(62) од Битола, затоа што околу 05.55 часот во претсобјето од неговата куќа со пиштол пукал и го погодил С.С.(44) од Битола, кој починал на местото.

Според пријавеното, претходно С.С. со употреба на сила влегол во куќата на Т.Ѓ. и со остар предмет се заканувал на ќерката на Т.Ѓ., која е негова поранешна сопруга.

Екипа на Итна медицинска помош констатирала смрт, а увид на местото извршиле екипа од СВР Битола и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.