Vestiplus.mk
+ МАКЕДОНИЈА

МВР со детали за трагедијата во која почина д-р Трајче Нешковски

На 14.10.2020 во 16.45 часот било пријавено дека на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје се случила собраќајна незгода помеѓу патничко возило „цитроен“, со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Н.(32) од Гостивар и патничко возило „опел“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Г.К.(34) од с.Просениково, струмичко. Т.Н. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде починал.

Со телесни повреди се здобила Г.К., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот е предадено за обдукција, информира МВР.

Неофицијално Нешковски починал откако добил срцев удар, при што изгубил контрола над возилото.

Можеби ќе ве интересира...

Казни за 141 возач во Скопје, 32 возеле над дозволената брзина

В+

Министерот Шаќири: Насекаде сме каде што се зборува за дигитализацијата

Vesti +

Филипче од Прилеп: Одиме по патот и аманетите на нашите предци, ќе продлжиме храбро за обезбедување подобар живот

В+

Луда Мара“ – нов вински бренд во портфолиото на „Тиквеш“

В+

Приведен дилер за издржување затворска казна

Vesti +

Во пензија ќе се оди на 64 годишна возраст и со 15 години стаж!

В+