На 01.04.2022 во 12.00 часот во Полициската станица Центар, А.А.(28) од Скопје пријавил дека околу 09.30 часот на неговото работното место во продажен објект на крстосница помеѓу ул.„Мајаковски“ и ул.„Дане Крапчев“, Ш.Ј. и Л.Ј.,кои ги познавал од порано, физички го нападнале и му одзеле мобилен телефон.

Според пријавеното, тие употребиле и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.