Во врска со дезинформациите дека намалувањето на висината на посмртната помош е направено за да може со тие средства да се покачат пензиите, Министерството за труд и социјална политика, информира дека, намалувањето на висината на посмртната помош на 25.000 денари е извршено со Одлука на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија.

Начинот на финансирање, начинот на распределба на средствата со кои располагаат здруженијата на пензионери се уредува со акти кои се донесени од органите на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Северна Македонија и не се никаква одлука на Владата или пак Владата влијаела на ова.

Министерството за труд и социјална политика, нема надлежност во однос на условите за членување во здружение на пензионери, финансирање, начинот на распределба на средствата и контрола во финансиското работење на здруженијата на пензионери.
Пензиите се покачени како што беше објавено од Буџет со кој располага ПИОМ без кратење од други ставки од било каде во буџетот на државата.

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија е институција која само е сервис на корисниците на пензија, кој врши задршка на утврдениот износ на средства од страна на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Северна Македонија и врши исплата на средства од посебниот фонд.