Цените на основните прехранбени производи се ограничени на уште 60 дена, посочи претседателот НА Србија, Александар Вуќиќ и достави официјални податоци за компаративните цени на Балканот и Европа, конкретно за споредбените цени на храната во Србија и во регионот. Врз основа на нив, очигледно е дека лебот, маслото, брашното, јајцата, шеќерот и солта се уште се најевтини во Србија.

Така, леб од 500 грама во Србија чини 49 динари (0,39 евра). За истиот прехрамбен продукт во Хрватска треба да се одвојат од 0,68 до 0,96 евра, во Романија 1,05, а во Италија 3,49 евра.

Соседите се двојно поскапи
-За килограм брашно Србите даваат 0,54, а Грците 1,27 евра. И нафтата е најевтина кај нас, литар чини 1,58 евра. Хрватите одамна плаќаат по 2 евра, а Австриците три пати – по шест евра. Ако нема ручек без сол, како што стојат работите, Италијанците имаат проблем – килограм чини 1,22 евра. Во Србија е 0,35 евра. Така е и кога е шеќерот во прашање, Италијанците плаќаат речиси три евра за килограми, а ние 0,76 евра.