Министерството за образование и наука информира дека право на користење на финансиската поддршка за субвенциониран студентски оброк во месечен износ од 2.400 денари ќе имаат сите редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните високообразовни установи. Оваа финансиска поддршка ќе стартува од октомври годинава, а студентите за да ги добијат средствата освен што треба да се државјани на Република Северна Македонија, треба да ги исполнуваат и следните услови:

-да не се во редовен работен однос;
-да не се регистрирани како индивидуални земјоделци;
-да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.

Правото на субвенциониран студентски оброк ќе се остварува преку аплицирање, зашто МОН дополнително и навремено ќе ја информира јавноста.