МОН: На електронската адреса за пријавување насилство стигнаа 10-тина пораки, училиштата мора да бидат безбедна средина за едукација
Vestiplus.mk
МАКЕДОНИЈА

МОН: На електронската адреса за пријавување насилство стигнаа 10-тина пораки, училиштата мора да бидат безбедна средина за едукација

Министерството за образование и наука информира дека на eлектронската адреса
prijavinasilstvo@mon.gov.mk и paraqitdhune@mon.gov.mk на албански јазик изминатите два дена пристигнаа 10-тина пораки. Дел од нив се однесуваат на врсничко насилство, а има и од поранешни професори, со сугестии како да се превенира и намали насилството меѓу децата и младите од училишна возраст.

Со отворањето на електронската адреса, Министерството за образование и наука воспоставува брз, доверлив и безбеден начин, преку кој учениците, родителите и граѓаните можат да пријават инциденти, како дел од системот за идентификување и запирање на непосакуваните однесувања. Секоја пријава ќе се истражи и ќе се преземат соодветни мерки.

Училиштата мора да бидат безбедна средина каде ќе се одвива воспитно-образовниот процес. Затоа Министерството за образование и наука ќе и предложи на Владата итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, со цел намалување на сите можни ризици и закани за безбедноста на учениците и наставниците во училишна средина.

Министерството веќе изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, поврзани со употребата на социјалните мрежи во училишна средина. Во консултација со експертската заедница, дополнително ќе ги зајакнеме превентивните програми за борба против булингот, промовирајќи дијалог и ненасилство како клучни елементи во образованието и развојот на децата и младите.

За да успееме во активностите за заштита и правилен развој на нашата младина, ги повикуваме и родителите да земат активно учество, воспитувајќи ги своите деца на толеранција, ненасилство како и почитување и разбирање за различните од себе. Само со заеднички напори на сите чинители во воспитувањето и образувањето на децата можеме да се избориме за здрава младина и безбедни училишта.

Можеби ќе ве интересира...

СДСM: Мицкоски со нови бесмислици бега од одлуката, дали ќе го избере ЕУ блокот или Левица?

Vesti +

Генералниот штрајк ќе ги искомплицира уписите и полагањето на државната матура

Vesti +

Уште тројца искасани од кучиња скитници

Vesti +

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

Vesti +

Магиите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски во општините: над 16 милиони евра долгови за граѓаните за ништо, обвини СДСМ

Vesti +

Грковска на средба со струмичките средношколци: Интегритетот, чесноста и одговорноста се клучни вредности за градење подобро општество

Vesti +