Денес, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан амбасадорот на Руската Федерација во земјата, Сергеј Баздникин, кому му беше врачена дипломатска нота, со која петмина вработени во Амбасадата на Руската Федерација се посочени како непожелни во земјата или персона нон грата, информираат од Министерството.

Во писменото соопштение дообјаснуваат дека во согласност со информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности што се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена.