Ризикот од добивање на ретко згрутчување на крвта по првите дози на вакцината против КОВИД 19 Астра Зенека или Фајзер е многу помал од ризикот од добивање на згрутчување од самиот коронавирус, покажа опсежна студија на истражувачи од Универзитетот Оксфорд.

Стравувањата од ретки случаи на згрутчување на крвта поттикнаа некои држави да ја прекинат или ограничат апликацијата на вакцините Астра Зенека развиени од Оксфорд, а Велика Британија препорача на здрави луѓе помлади од 40 години да им се дадат некои други вакцини.

Студијата, објавена од медицинскиот магазин BMJ, ги следеше податоците од 29 милиони луѓе во Англија кои ја примиле првата доза вакцини во периодот помеѓу декември и април.

Откриено е многу мало зголемување на ризикот од згрутчување на крвта, што може да доведе до хоспитализација или смрт набргу по примањето на вакцините Астра Зенека и Фајзер. Сепак, беше заклучено дека ризиците беа „значително повисоки и подолготрајни“ по инфекцијата со КОВИД 19.

Ова прашање е во центарот на вниманието на јавноста оваа недела, бидејќи во четвртокот судскиот вештак откри дека 44-годишната портпаролка на Би-Би-Си, Лиза Шо, починала од згрутчување во главата, што е ретка компликација откако ја прими својата прва доза Астра Зенека.

Водачката на студијата Џулија Хипсли-Кокс, професорка по клиничка епидемиологија на Универзитетот Оксфорд, изјави за Радио Би-Би-Си 4 дека смртта на Шо е „многу тажен“ настан, но и дека „ова се многу ретки случаи, додека огромното мнозинство пациенти се апсолутно добри со овие вакцини “.

Студијата проценува дека од 10 милиони луѓе кои примиле вакцина Астра Зенека, уште седум умреле од згрутчување, додека 20 умреле од инфекција.

Кога станува збор за формирање на згрутчување во вените, научниците проценуваат дека имало уште 66 случаи во 10 милиони вакцинирани со Астра Зенека, додека имало 12.614 со вирусот.