Иако пораснавме верувајќи дека млечните производи се клучни за градење коски и здрави мускули, неодамнешното истражување сугерира дека овие намирници треба да ги јадеме умерено.

Симптомите на нетолеранција на лактоза може да вклучуваат гадење и, во потешки случаи, повраќање по конзумирање на повеќето млечни производи кои содржат лактоза – сладолед, сирење, млеко… Друга работа на која укажале истражувањата е поврзаноста помеѓу потрошувачката на млечни производи и проблеми со кожата. Хормоните кои се наоѓаат во комерцијалните млечни производи може да го влошат тенот и да предизвикаат појава на акни.

Списокот на лоши негативни ефекти на комерцијалните млечни производи го вклучува и фактот дека на нив обично се додава хормон за раст. Се верува дека овие хормони можат да го нарушат нивото на инсулин и индиректно да предизвикаат проблеми со кожата.

Според некои истражувања, долгорочното консумирање на млечни производи може да доведе до развој на одредени видови на рак. Најчесто се споменуваат кај ракот на простата и ракот на дојката, но треба да се земе предвид дека повеќето од овие студии се сè уште епидемиолошки, што значи дека ги разгледуваат врските, а не причините за поединечни појави.